Mедиократија

Владеење на масовните медиуми најмалку како „четврта власт“. Медиумите имаат моќ над луѓето и ја одредуваат агендата на настаните. Во совремието, политиката е она што се појавува во медиумите, а во политичкиот живот опстојуваат сите оние кои го контролираат имиџот, а со тоа и стварноста. Немаме стварна, туку виртуелна политика. Медиократијата се развива во две фази: првата е во средината на 19 век во Европа кога предничи читањето на книгите, а потоа весниците и списанијата, со што се развива масовното консумирање.

Албански

Mediokraci

Англиски

Mеdiocracy