Инклузија / вклучување во образованието
Образовна политика или систем од образовни политики коишто предвидуваат заедничка училница за деца со типичен и со нетипичен развој. Децата со физички или со ментални попречености, според политиката на инклузија, учат заедно со децата кои ги немаат, и така заедно се подучуваат на прифаќање, емпатија, солидарност и соработка. Инклузијата во образованието подразбира вклучување и интеграција и на ученици од непривилегирани, маргинализирани или дискриминирани групи по различна основа.