Деконструкција

Начин на текстуална и интертекстуална анализа, поврзана со идеите на францускиот филозоф Жак Дерида, познат и како постструктурализам. Поради природата на јазикот, според Дерида, ниеден текст не може да има непроменливо или централно значење, бидејќи зборовите се постојано во врска со други зборови. Поради тоа што текстовите се структурирани врз бинарни опозиции (на пр., маж наспрема жена, добро наспрема лошо), тие се стремат да произведуваат предрасуди во толкувањето, при што еден од двата концепта на бинарната опозиција добива предност, што може да има големи културолошки последици. Деконструкцијата на медиумските текстови содржи анализа на неартикулираните опозиции што лежат во основата на нивните наизглед директни површински значења.

Албански

Dekonstruksioni

Англиски

Deconstruction