Дефанзивна, одбранбена комуникација

Комуникација, односно порака која примателите намерно ја толкуваат погрешно или ја демантираат затоа што е во спротивност со нивните вредности, верувања или поглед на свет. Дефанзивна комуникација се случува кога луѓето го слушаат она што не сакаат да го слушнат. Се јавува дисонанца кога се вкрстуваат пораките или се спротивни или со спротивни вредности, претпоставки. Реакцијата може да варира, од тоа слушателот да не се концентрира на пораката, до намерно погрешно претставување или погрешно разбирање на мотивот на испраќачот како и неговата/нејзината порака. Средина во која преовладува тон на закани создава дефанзивни тактики, исто како што средина на поддршка ги намалува. Ако лицето знае дека е предмет на тест или оценка, на пример, комуникацискиот одговор ќе биде одбранбен. Исто така, лицето може да се послужи со тактики на одбрана доколку смета дека соговорникот има намера да стекне контрола, да покаже супериорност. Лицата се помалку дефанзивни во ситуации во кои преовладуваат спонтаноста, емпатијата, еднаквоста и отвореност кон пораката.

Англиски

defensive communication