Спин
Претставување на вести или идеи според одреден начин на гледање (вообичаено политички). Станува збор за тактика на управување со вести – вообичаено од страна на владини институции или важни позиции во општеството кои сакаат да ги обликуваат вестите во нивна корист или да ги контролираат настаните за да добијат позитивен публицитет. Вообичаено се користи тактика на пренагласување на добрите работи, занемарување на лошите, а кога треба да се пласираат лошите вести, тоа се прави во време кога има многу други популарни настани во медиумите со цел да не се забележат лошите вести. Ризикот од користење на оваа тактика е што компаниите и организациите коишто се служат со спин може да бидат јавно изложени, да бидат гледани со цинизам и да опадне довербата во оние коишто ги менаџираат вестите.