Професионално новинарство / новинарство

1. Собирање информации, пишување, подготовка и дистрибуција на вести, како и релевантни коментари преку медиумите.

2 Литературно-публицистичка дејност во средствата за масовна комуникација (во дневниот и во периодичниот печат, радиото и телевизијата). Терминот првично се применувал за известување за актуелни настани во печатена форма (весници, списанија, магазини), а денес вклучува и други формати (радио-, телевизиско, онлајн-новинарство). Професионалното новинарство се одликува со структуриран модел на работа, односно поделба на новинарите во редакции (политичка, економска, спортска, културна редакција и др.), типови и поттипови работни профили (уредник, репортер, камерман, фото-репортер и др.).

Англиски

professional journalism, journalism