Презумција на невиност
Почитување на правото на правична судска постапка од страна на медиумите. Секој кој е обвинет за казнено дело новинарите треба да го сметаат за невин, сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите можат да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката. Тоа може да биде во случаи кога е во интерес на етиката, јавниот ред или националната безбедност во едно општество, кога тоа го наложуваат интересите на малолетникот или заштитата на приватниот живот на страните во спорот или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности публицитетот би можел да ѝ нанесе штета на правдата.