Порака

Податок или содржина којашто може да се добие, пристапи, зачува и повторно да се употреби. Пораката е форма на комуницирање на информации, чувства, идеи коишто се пренесуваат во одреден процес на комуникација. Според Роман Јакобсон, јазикот е средство за комуникација, а моделот што тој го нуди да го опише процесот на комуникација се состои од шест компоненти: испраќач, примач, порака, канал, код и контекст. Пораката е парче информација која ја испраќа едно лице (испраќач, адресант) до друго лице (примач, адресат), создадена во одреден код (јазик), испратена преку одреден канал (вербална или невербална комуникација) во одреден контекст.

Албански

Porosi

Англиски

information, message

Skip to content