Поларизација

Се однесува на пристапот да се размислува или да се зборува во рамки на спротивставени крајности или низ призма на т.н. „бинарни опозиции“. Секој јазик поседува различни спротивставени парови на поими (антоними), но во реалноста состојбите се најчесто многу посложени. Поларизацијата се обидува сложените состојби и проблеми да ги поедностави и да ги претстави како судир само на две страни или сили. „Нашиот јазик поттикнува поделба на реалноста на лажни спротивности. Поларизацијата се состои од проценување на она што го восприемаме, така што тоа ќе го ставите на два краја од еден континуум и ќе направите двата пола да изгледаат како меѓусебно исклучувачки. На пример, ако сте искрени, не можете да бидете нечесни“ (МекГро-Хил, 1985). Поларизацијата се заснова на негирање на сложеноста на ситуацијата, како и зајакнување на дуализмот на различни основи, како што се добро ‒ зло, напредно ‒ назадно, хумано ‒ животинско и др.

Албански

Polarizim

Англиски

polarization

За повеќе види:

The Dynamics of Human Communication, McGraw-Hill, 1985.